
Тренерот на Марсеј, Роберто Де Дзерби, изјавил пред управата на клубот дека нема повеќе да смета на Адриен Рабио, кој е слободен да си најде нов клуб во преостанатите денови од трансферниот прозорец, известува RTL.
До оваа одлука на италијанскиот стручњак дојде по физичка пресметка меѓу Рабио и неговиот соиграч Џонатан Роу во соблекувалната на Марсеј веднаш по поразот од 0:1 од Рен. Двајцата си разменија удари и навреди, поради што подоцна беа оддалечени од тренинзите на тимот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Мајката и агент на Рабио – Вероник, споделила за RTL дека вчера управата на клубот ѝ соопштила за отстранувањето на нејзиниот син од составот. Таа побарала објаснување од спортскиот директор Мехди Бенатија, но не добила одговор од него. Наместо тоа, утрово генералниот секретар Бенжамен Арно потврдил пред адвокатот на фудбалерот за цврстата позиција на Де Дзерби, кој не планира повеќе да смета на францускиот репрезентативец.