Дома Фудбал Марсеј ги исфрли Рабио и Роу од тимот поради конфликт

Марсеј ги исфрли Рабио и Роу од тимот поради конфликт

Сезоната за Марсеј не започна како што очекуваа во клубот. Мирот и спокојот веднаш исчезнаа, веднаш по гостувањето кај Рен. Францускиот великан загуби во првото коло на Лига 1, а по натпреварот тоновите беа високи, дојде и до благ физички контакт.

Конфликт имаа Адриен Рабио и Џонатан Роуа, ударите изостанаа, но не и казната. Сите релевантни француски медиуми известуваат дека Марсеј ги исклучил од тимот двајцата играчи меѓу кои имало искри.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На Велодром ги оставија да се оладат, разгледаа ситуацијата од повеќе агли и донеа казна. На англиското крило не му се допадна што беше една од мeтите, му се префрли дека не се залага доволно. Стана, го подигна гласот, а Адриен Рабио како еден од најискусните си даде за право да реагира.

Се поттуркаа, паднаа тешки зборови, но ништо драматично не се случи. Меѓутоа, желбата на раководството на клубот е тоа да не остане неказнето за да не се повторуваат такви случки. Затоа ќе бидат на “ладење”, ќе тренираат индивидуално, а засега не е одредено колку долго ќе бидат исклучени.

Постои можност брзо да се вратат во тимот, но само ако одредена сума пари, која клубот ќе ја определи, биде префрлена на Фондацијата Олимпик Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…