Дома Фудбал Марота го стави Ибрахимовиќ во незгода ситуација – му подари дрес од Интер!

Марота го стави Ибрахимовиќ во незгода ситуација – му подари дрес од Интер!

Во Ријад во овој период се одржува Суперкупот на Италија каде што учествуваат екипите на Интер, Милан, Јувентус и Аталанта.

Така претставници на сите четири клуба беа во посета на италијанската амбсада во оваа земја. Во таа прилика Бепе Марота имаше посебна средба со Златан Ибрахимовиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ибрахимовиќ во кариерата го носеше дресот и на Интер, па сега актуелниот директор на тимот од Милано му подари дрес од Интер.

Ваквата ситуација беше малку непријатна за Швеѓанецот бидејќи во Ријад тој го претставува Милан. Исто така Ибрахимовиќ во кариерата го носеше и дресот на Јувентус, најголемиот ривал на Интер.

Интер во својот натпревар вчера ја победи Аталанта со 2:0, додека вечерва во второто полуфинале играат Јувентус и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…