
Многумина сметаат дека Марк Кукурела е одличен одбранбен играч. Сепак, некои сè уште се сомневаат дали каталонскиот бек треба да биде прв избор за лев бек во репрезентацијата на Шпанија. Но, вчерашната вечер го стави во центарот на вниманието – тој беше именуван за играч на натпреварот и со својот настап ja уништи Барселона, како што пишува Marca по победата на Челси од 3:0 над Барселона во петтото коло од Лигата на шампионите.
“Одушевени сме од Кукурела, тој е спектакуларен играч. И тоа не само во одбраната.” Зборовите на неговиот тренер, Енцо Мареска, го опишуваат нивото на кое се наоѓа одбранбениот играч на Челси. Успеа комплетно да го неутрализира Ламин Јамал, кого неколку пати го доведе до очај во дуелите покрај аут-линијата. Фудбалеерот на Барселона на крилната позиција не успеа ниту еднаш да го мине, додека играчот на Челси покрај тврдината во одбраната покажа и офанзивна продорност која го одреди текот на натпреварот.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Најпрвин, тој испрати центаршут во акцијата која доведе до првиот гол за Челси – по неговото додавање, Естевао шутираше, а Кунде ја пренасочи топката во сопствената мрежа. Подоцна, го искористи вториот жолт картон на Араујо, со што го заклучи мечот.
Играше речиси совршен натпревар и го потврди статусот на еден од најдобрите леви бекови во светот. Малкумина поседуваат таква комбинација на сигурност во одбраната и постојаност и придонес во нападот. Играч како него е тешко да се најде, иако многумина сè уште не ја признаваат неговата вредност доволно.
Многумина потсетуваат дека Кукурела порано беше дел од Барселона и дека каталонскиот клуб можеше да го задржи со можност за откуп кога младиот бек тргна кон Премиер лигата. Пред да стигне во Челси, кариерата ја изгради преку Еибар и Хетафе, а трансферот од 68 милиони евра некогаш предизвика чудење. Денес, тој трансфер целосно се оправда.
Во својата четврта сезона на Стамфорд Бриџ, Кукурела стана еден од столбовите на актуелниот светски шампион и стандардниот лев бек во шпанската репрезентација. Во време кога La Roja има луксуз да избира меѓу играчи како Грималдо, Балде и Алваро Карерас, сега никој не се сомнева кој заслужува да биде прв избор за претстојното Светско првенство.
Тој е познат по својата упорност, а негов заштитен знак е интензитетот. Вистински кошмар за противничките напаѓачи, што го почувствува и Ламин Јамал во една од најтешките вечери за Барселона. Кукурела сега ги бере плодовите на тешкиот пат, за кој сам изјави: “Многу сум горд. Мојата кариера никогаш не беше лесна. Секогаш има подеми и падови, но најважното е да останеш постојан.”
Денес, Кукурела штотуку почнува да ги ужива своите успеси. Во Лондон одамна го прославуваат фактот што имаат еден од најдобрите леви бекови во светот. Со 27 години, тој доживува врв на својата кариера, кој сè уште не достигнал својот лимит. Вечерта кога Челси ја декласираше Барселона ќе остане запаметена како вечерта кога Марк Кукурела го сопре Ламин Јамал и го разнесе Барселона, заклучува Marca.