Дома Фудбал „Марка“ жестоко удри по асот на Реал Мадрид: Ако некој го најде, нека му јави на Анчелоти

„Марка“ жестоко удри по асот на Реал Мадрид: Ако некој го најде, нека му јави на Анчелоти

Реал загуби со 3:0 од Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Стрелци беа Деклан Рајс во 58. и 70. минута и Микел Мерино во 75. минута. Шпанските медиуми пишуваат многу критички за играчите и играта на Реал. Марка го издвои Едуард Камавинга како еден од најлошите.

Играчот од средниот ред кој со Лука Модриќ ја држеше средината на теренот доби оцена 4 без поминување со образложение: „Ова е сезоната во која тој назадува, го покажа тоа и против Арсенал. Во одбрана е пропустлив, а кон напред несмасен и несигурен. Покажува голема желба, но малку вештина и многу малку фудбал.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Непотребно направи прекршок за слободниот удар од кој Рајс го постигна вториот гол. Кој знае кој кикс на натпреварот го направи на крајот кога непотребно доби втор жолт картон. Од почетокот на оваа сезона го нема и неговото пропаѓање загрижува.“ Во хрониката на Марка за мечот Камавинга е издвои во рубриката за трагичар, наречена “За плачење”, каде пишува: „Се бара Камавинга. Ако некој го најде, нека му јави на Карло Анчелоти.“

Камавинга (22) дојде во Реал пред четири години од Ренес за отштета од 31 милиони евра. Трансфермаркт сега ја проценува неговата вредност на 70 милиони евра.

Фото: Пртинскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим сакаше да ги отпише, но Керик верува во нив: Јунајтед подготви нови договори за двајца играчи!

Коби Мејнo и Хари Мегваер наскоро треба да потпишат нови договори со Манчестер Јунајтед, с…