Дома Фудбал „Марка“ тврди: Лука Модриќ донел одлука за својата кариера!

„Марка“ тврди: Лука Модриќ донел одлука за својата кариера!

Лука Модриќ нема намера да замине во фудбалска пензија. Легендарниот хрватски играч од средниот ред во септември ќе наполни 40 години, но на него годините не се чувствуваат и е одлично подготвен.

Договорот со Реал на Лука важи до летово. Раководството на кралскиот клуб одлучи да му ја остави одлуката што ќе прави понатаму со кариерата, а речиси нема дилеми околу тоа.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Модриќ сака да игра уште. Верува дека и во следната сезона може да игра на високo ниво и според извештаите, решил да остане.

Тоа го потврди и мадридскиот весник Марка, извор што секогаш е блиску до Кралевите.

“Лука Модриќ сериозно размислува за продолжување на соработката со Реал Мадрид”, тврдат новинарите на Марка.

Сè треба да биде официјално потврдено на крајот на сезоната. Ниту Лука, ниту клубот нема да се оптоваруваат со непотребни прашања за иднината, бидејќи работата е сосема јасна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА укина дел од санкциите кон Русија!

Европската унија на фудбалот (УЕФА) одлучи да укине дел од санкциите кон Русија, со што им…