Реал забележа победа против градскиот ривал Атлетико (2:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и покрај прилично слабото издание на неговите најголеми ѕвезди – Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.
Кралскиот клуб славеше, но Мбапе беше очаен на теренот.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
За Французот ќе биде подобро денес да не чита вести, бидејќи сигурно нема да му биде сеедно кога ќе види што пишува познатата „Марка“ за него.
Килијан за својот настап доби најниска оцена од „Марка“ – четворка.
„Ова е најлошиот натпревар на Мбапе во дресот на Реал“, пишува угледниот шпански весник.