Дома Фудбал Мaреска во проблеми поради повреда на ѕвезда која ќе пропушти голем дел од сезоната

Мaреска во проблеми поради повреда на ѕвезда која ќе пропушти голем дел од сезоната

Нешто повеќе од седум дена пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата, дојдоа многу лоши вести за сите во Челси.

Тимот на Челси под раководство на Енцо Мареска во минатата сезона ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Освен тоа, Мареска успеа да го исполни главниот целар што му беше поставен, а тоа е враќање на клубот во Лигата на шампионите.

Пред почетокот на новата сезона, стигнаа многу лоши вести за сите во Челси, а станува збор за повреда на еден фудбалер.

Дефанзивецот Леви Колвил беше опериран откако се здоби со повреда на лигаментите.

„Дефанзивецот Леви Колвил е успешно опериран откако се здоби со повреда на лигаментите.

Тој се врати на тренинзите претходно оваа недела, но потоа доживеа непријатна повреда на тренинг.

Потврдено е дека е неопходна операција, која и беше извршена.

Леви сега ќе го започне својот процес на закрепнување”, стои во објавата на Челси.

Фото: Принт скрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл од Јувентус доби понуда „што не се одбива“, а тоа значи и дека Исак оди во Ливерпул?

Ливерпул не сака да се откаже од потпишувањето на Александер Исак од Њукасл, и ќе направи …