Дома Фудбал Мареска создаде одличен тим, но сега испрати предупредување до ѕвездите

Мареска создаде одличен тим, но сега испрати предупредување до ѕвездите

Тренерот Енцо Мареска зборуваше за Кол Палмер и неговите квалитети кои ја прават разликата на теренот, но истакна дека клубот не смее да се потпре исклучиво на него.

Мареска создаде фантастичен тим оваа сезона во редовите на Челзи. Во 17 натпревари од Премиер лигата, Мареска на клупата на „Сините“ има 10 победи, пет нерешени средби и само два порази. Во Конференциската лига, Челзи лигашкиот дел го заврши со максимални 18 поени од шест натпревари.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Тој истакна дека неговиот тим не смее да се потпре само на фантастичниот Англичанец кој оваа сезона има 11 постигнати гола и шест асистенции.

„Постојано повторувам дека ние како тим не смееме да се потпреме само на еден фудбалер, во овој конкретен случај на Кол Палмер“, кажа Мареска и додаде:

„Не ме сфаќајте погрешно, тој е фантастичен. Тој мора да се адаптира на секој натпревар затоа што сега во секој натпревар секогаш има барем еден, а често и двајца играчи на него“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренираше во Сити со Халанд и Де Брујне, но се откажа од фудбал = ќе имал досаден живот, сакал да учи!

Поранешниот млад талент на Манчестер Сити, Хан Вилхофт-Кинг, го изненади фудбалскиот свет …