Менаџерот на Челси Енцо Мереска денеска изјави дека клубот може да доминира во Премиер лигата во следните пет до десет години.
Италијанскиот 44-годишен тренер повеќепати ја отфрлил можноста дека неговиот тим има шанси да ја освои титулата оваа сезона, и покрај тоа што Челси е на третото место на табелата со ист број бодови како второпласираниот Арсенал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Челси во неделата ја победи Астон Вила со 3:0 и е девет бодови зад водечкиот Ливерпул.
„Ние не сме во трката за титулата. Не сме, тоа е мое мислење“, изјави Мереска.
Откако клубот го презеде конзорциум на чело со Тод Боли, потрошени се над 1,5 милијарди долари за ангажирање играчи, главно млади фудбалери со долгорочни договори. Играчите како Енцо Фернандез, Мојзес Каиседо и Николас Џексон се во врвна форма, како и ѕвездата на екипата Кол Палмер во последните 18 месеци, а тренерот верува дека неискуството на тимот, чии просечни години се нешто над 23, е причина за нешто послабите резултати оваа сезона.
„Она што им реков на сопствениците и спортските директори кога ги сретнав првпат е дека мислам дека поради годините и тоа колку е добар овој тим, Челси во следните пет до десет години ќе биде еден од тимовите, или тимот кој ќе доминира во англискиот фудбал“, изјави Мереска.
„Без оглед на тоа кој ќе биде тренер, во следните пет или десет години, поради нивните години, можат да доминираат во англискиот фудбал, тоа го реков и го мислам и сега. Во однос на целите, не ме прашаа за некоја конкретна цел, туку само да се обидеме да изградиме нешто за следните неколку години. Мислам дека одиме во добар правец. Зборувајќи за личната цел, знам дека ќе ми биде тешко да ви верувам, но не сум концентриран на крајот на сезоната, следната сезона, бидејќи тоа не е реално“, додаде тој.
Во првите две сезони под новите американски сопственици, Челси заврши на 12-то и шестото место на табелата во Премиер лигата и не освои трофеј, но тимот започна да стабилизира и напредува под водство на Мереска.