Дома Останати Тенис Австралиецот нема дилеми: Златото на Ѓоковиќ е нешто што ја обележа годината

Австралиецот нема дилеми: Златото на Ѓоковиќ е нешто што ја обележа годината

НовакЃоковиќ после 16 години чекање успеа да освои злато на Олимписките игри во Париз ова лето, кога во финалето го победи Карлос Алкарас.

Според Австралиецот, Танасис Кокианакис токму тој момент е еден од најголемите во изминатата сезона во светот на тенисот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Без никакво двоумење, триумфот на Новак Ѓоковиќ на Олимписките игри во Париз е еден од моментите на сезоната. После Вимблдон многумина се сомневаа дека ќе биде способен да игра на толку високo ниво. Начинот на кој ги одигра ОИ е неверојатен. Сега Ѓоковиќ постигна се што постои во нашиот спорт”, изјави Кокинакис.

Ѓоковиќ пред олимпиското злато во Париз освои само бронза на ОИ во Пекинг, додека на Игрите во Рио и Токио остана без медал, иако беше главен фаворит за олимпискиот трон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…