Дома Фудбал Мареска: Ако Ливерпул продолжи вака, никој друг нема шанси за титула

Мареска: Ако Ливерпул продолжи вака, никој друг нема шанси за титула

Само пет кола поминаа, Арсенал изгледа многу добро, Манчестер Сити се уште се мачи, но го има Пеп Гвардиола на клупата, Челси како да заврши со реконструкцијата и сега личи на сериозен тим… Но ако го прашате нивниот тренер Енцо Мареска кому ќе оди титулата, нема апсолутно никаква дилема – Ливерпул ќе го одбрани тронот.

Не толку поради тоа што екипата на Арне Слот е максимална по стартните пет кола, па веќе има пет бода предност пред Арсенал, Тотенхем и Борнмут. Не, затоа што уште многу има да се игра. Но начинот на кој Редс играат е тоа што прави разлика.
Ако продолжат да играат вака мислам дека е невозможно да се стигнат. Не само за нас, туку и за сите други клубови”, е сосема искрен Мареска чиј тим веќе заостанува седум бода зад Ливерпул.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


А Ливерпул минатата сезона ја потврди титулата четири кола пред крајот, за потоа ова лето да вложи неверојатни 484.680.000 евра на засилувања како< ѕtrong>Александар Исак, Флоријан Вирц, Иго Екитиjе, Милош Керкеz или Џереми Фримпонг, да се задржиме на тие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона и Де Јонг се на прагот за нов договор

Френки де Јонг наскоро ќе го продолжи договорот со Барселона, пишува „Мундо Депортиво“. Пр…