Дома Останати Тенис Мареј за соработката со Ѓоковиќ: Не знам дали ќе продолжиме, мора да разговараме

Мареј за соработката со Ѓоковиќ: Не знам дали ќе продолжиме, мора да разговараме

Најдобриот тенисер на сите времиња – Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналниот меч на Австралија Опен по загубениот прв сет од Александар Зверев.

Повредата беше посилна од Новак, но сепак имаше многу позитивни работи во неговата игра на овој турнир.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Енди Мареј беше тренер на Новак во Австралија, но не е сигурно дека ќе остане.

Британецот се огласи по ова прашање…

 „Новак и јас се договоривме по турнирот да разговараме. Тоа и ќе го направиме“ истакна Мареј и додаде:

Тешко е. Кога ќе стигнеш до оваа фаза на турнирот, чувствуваш дека си многу блиску до нешто посебно и за жал, ако телото не реагира како што би сакал, тоа е навистина лошо. Со Новак секогаш постои надеж бидејќи е одличен играч и претходно нашол излез од тешки ситуации. Меѓутоа, овој пат не беше така“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Инцидент во тенискиот свет: Дамир Џумхур сакаше да се тепа (Видео)

Неверојатни сцени се случија на челенџер турнирот во Доминиканска Република, а главната ул…