Дома Фудбал Манекенка од забавата на Јамал ја „отвори душата“: Ни платија од 10.000 до 20.000 евра за да дојдеме

Манекенка од забавата на Јамал ја „отвори душата“: Ни платија од 10.000 до 20.000 евра за да дојдеме

Ѕвездата на Барселона Ламине Јамал на голем стил го прослави својот 18-ти роденден. Организираше забава за паметење, на која присуствуваше огромен број убави жени. Една од оние која доби покана – Клаудија Калво, открива детали.

Ламине Јамал поради начинот на живот веќе стана предмет на многу коментари. Мнозина сметаат дека младата ѕвезда на Барселона премногу се занимава со работи надвор од теренот и дека го „влече“ славата и лесниот живот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Стравувањето е дека забавите би можеле да му чинат голема кариера. Го споредуваат со познатите бразилски фудбалери Роналдињо и Нејмар, а се чини дека овој двоец Ламине во некои ситуации и го надмина.

Шпанскиот модел доби платена покана за присуство на 18-тиот роденден на младата ѕвезда. Девојките беа внимателно одбрани.

„Добив покана за неговиот 18-ти роденден. Ни понудија суми меѓу 10 и 20 илјади евра за да дојдеме. Бараа русокоси девојки со многу специфична големина на гради. Мобилните уреди ни беа забранети”, рече оваа 25-годишна девојка и додава:

„Ако прифатите, сѐ ви беше платено – хотел, храна, лет, што и да посакате додека сте на островот.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изјава која ја подели јавноста: Светското клупско првенство наскоро ќе биде поважно од Лигата на шампионите!

Енцо Мареска е пресреќен по освојувањето на вториот трофеј во својата деби сезона со Челзи…