Виктор Осимен би можел да се пресели во Премиер лигата и да го засили Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
За Осимен повеќе немаше место во Наполи па се пресели во Галатасарај на позајмица, но јасно е дека Наполи сака што поскоро да го продаде.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што се приближува зимскиот преоден рок се засилуваат шпекуалциите за негов трансфер, а силен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволите“ се подготвени да платат 30 милиони евра, плус во Наполи да го испратат Џошуа Зиркзе, кој пред неколку месеци беше купен од Болоња за 40+ милиони евра.