Дома Фудбал Maнчестер јунајтед е клуб за поголеми дела, трофеј во ЛШ за Аморим е само почеток

Maнчестер јунајтед е клуб за поголеми дела, трофеј во ЛШ за Аморим е само почеток

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим смета дека потенцијалниот трофеј во Лига Европа е важен, но дека целите на клубот се уште поголеми од него.

Јунајтед има уште само да се обиде да ја освои Лига Европа, откако испадна од ФА купот, а Аморим негува амбиции поголеми од пехарот во второто УЕФА натпреварување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


“Луѓето гледаат на Лига Европа како уникатно натпреварување што освен пехарот, исто така е поврзано со Лигата на шампиони, бидејќи преку него можеме да се квалификуваме. Но, да бидам искрен, ние во Манчестер имаме и цели за многу поголеми работи и размислуваме за нив. Знам дека во овој момент можеби звучи чудно, но многу е важно да се знае дека овде градиме нешто многу поголемо од освојување на еден куп натпреварувања”, рече Аморим.

Јунајтед гостува в четврток во 18.45 часот кај екипата на Реал Сосиедад, а реваншот од осминафиналето на Лига Европа е осум дена подоцна во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер сити ја одреди цената за Грилиш!

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона откако пред девет години Пеп Гвардиола ја презеде …