Дома Фудбал Манчестер Сити во сериозен проблем: “Граѓаните” се соочуваат со закана од одземање до 60 поени!

Манчестер Сити во сериозен проблем: “Граѓаните” се соочуваат со закана од одземање до 60 поени!

Последните години, Манчестер Сити не прекинува со правните процеси кои го држат клубот под постојан притисок, а сега англиските медиуми објавуваат дека “Граѓаните” можат да се соочат со одземање до 60 поени.

Случајот поврзан со 115 финансиски прекршоци на Манчестер Сити, за кои ги обвинува Премиер лигата, е сè уште отворен. Информациите во врска со времето на донесувањето судска одлука се противречни, некои извори тврдат дека ова може да се случи до Велигден, други сметаат дека конечниот рок е летото, додека пак некои сметаат дека нема прецизен времески рок за очекување пресуда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според извештајот од “Mirror“, една од можните казни е одземање на максимум 60 поени, што би значело дека десеткратниот шампион на Англија би испаднал во Чемпионшип дивизијата.

Поранешниот дефанзивец на Сити, Ричард Дан, остро ги коментираше шпекулациите за евентуалното одземање на поени, изразувајќи незадоволство од одложувањето на пресудата.

Веќе е смешно колку време поминало. Одлуката би требало одамна да биде донесена, па е бесмислено што резултатите не се објавени. Ова ја поткопува целата Премиер лига ако сега, во оваа фаза од сезоната, се појават нови вести, посебно кога имаме можност за навистина интересна трка за титулата во следните два месеци – изјави тој.

Манчестер Сити неколку пати ги негираше сите обвинувања. И покрај тоа што сослушувањето заврши пред речиси 18 месеци, конечната одлука сè уште не е донесена.

Во зависност од исходот, Сити би можел да се соочи со различни санкции, при што одземањето на 60 поени би бил најекстремнотo сценарио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал: Уапсен претседател на македонски фудбалски клуб – шверцувал злато од 300.000 евра?!

Турските медиуми деновиве пренесуваат за сериозен скандал во кој, според нивните информаци…