Дома Фудбал Манчестер Сити со нова победа му „дише во врат“ на Арсенал (Видео)

Манчестер Сити со нова победа му „дише во врат“ на Арсенал (Видео)

Од 16 часот беа одиграни пет натпревари од англиската Премиер лига, а најголемо внимание привлече победата на Манчестер Сити против Сандерленд (3:0). Граѓаните сега се на само два бода зад лидерот Арсенал.

Фаворизираниот Манчестер Сити во рамките на 15. коло на англиската Премиер лига го дочека тимот на Сандерленд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Својата улога на фаворити тие ја оправдаа затоа што лесно победија на Етихад со убедлив резултат, кој на крајот гласеше 3:0.

Стрелци за Граѓаните беа Диас, Гвардиол и Фоден. Избраниците на Пеп Гвардиола го искористија денешниот пораз на Арсенал и сега се на само два бода од Топџиите и првото место.

Челзи влезе во мала резултатска криза, веќе три натпревари во домашното првенство не знаат за победа.

Денес, Bournemouth на домашен терен им одзеде бод, натпреварот заврши без голови (0:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова повреда во Ливерпул и допонлителна „главоболка“ за Слот

Фудбалерот на Ливерпул, Џереми Фримпoнг, ќе биде надвор од теренот неколку недели поради п…