Дома Фудбал Манчестер Сити со намера да го донесе Леао за 110 милиони евра?

Манчестер Сити со намера да го донесе Леао за 110 милиони евра?

Манчестер Сити веќе ги обезбеди услугите на Рајан Черки, Тијани Рајндерс, Аит-Нури, Маркус Бетинели, Свере Нипан и Џејмс Трафорд.

Сега, Сити планира дополнително зајакнување на нивната офанзивна фаланга, особено на крилните позиции. Клубот е во потрага по напаѓач кој ќе комбинира брзина и физичка моќ. Џереми Доку не ја имаше најдобрата сезона минатата година, а слично се може да се рече и за Фил Фоден, кој беше клучен за последниве успеси на Сити.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поради тоа, Манчестер Сити истражува опции за подобрување на крилата.

Според извори на Фичахес, Пеп Гвардиола го посакува Рафаел Леао. Португалскиот репрезентативец има интерес да го напушти Сан Сиро, бидејќи Милан не учествува во Лигата на шампионите. Леао бара нов предизвик во својата фудбалска кариера откако пристигна во Милан во 2019 година.

Овој 26-годишен играч има одиграно 260 натпревари за Милан, постигнато 70 голови и асистирано 62 пати. Трансферот би можел да изнесува 110 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија сака нов историски успех – вечер го пречекува Карабах

Македонскиот шампион Шкендија вечерва го започнува својот настап во третото квалификациско…