
Повеќе од недела откако беше објавено дека Џанлуиџи Донарума ќе се приклучи на Манчестер Сити, италијанскиот голман конечно е во Англија и беше претставен како нов играч на „граѓаните“.
По паузата за репрезентациите, во која беше достапен за Италија, 26-годишниот голман веќе се запозна со својата нова средина, носејќи го новиот дрес со број 25, со Уго Виана, спортски директор на клубот од Манчестер, покрај него.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Да потсетиме, италијанскиот репрезентативец, кој го напушти ПСЖ по четири сезони, го чини „граѓаните“ 30 милиони евра, при што потпиша договор до јуни 2030 година.
„Толку сум возбуден, многу сум горд што сум овде, во еден од најдобрите клубови во светот. Фактот што многу ме посакуваа тука ми го олесни сето ова. Непрестајно чекам да започнам во овој историски клуб, клуб што сака да победува и има велика историја зад себе. Има и голема одговорност, но навистина сум горд што сум овде, да му помогнам на овој клуб и да продолжиме да победуваме заедно“, изјави Донарума на официјалниот вебсајт на клубот.
„Ова е клуб кој секогаш ме фасцинираше. Секогаш сум го следел со задоволство. Гледам сè околу мене, како тренинг центарот и стадионот – тие се фантастични. Не можеш да разбереш каков е квалитетот на клубот додека не го видиш со свои очи. Зградите и персоналот овде се фантастични. Среќен сум со мојот избор, се надевам дека ќе напишам историја тука и ќе освојам сè што е можно. Ова е мојата цел за следните неколку години“, додаде уште италијанскиот голман.