
Иднината на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити е тема на бројни шпекулации. Иако се очекува да ја заврши тековната сезона, не е јасно дали ќе продолжи да го води тимот и следната година.
Според информации на новинарот Фабрицио Романо, клубот веќе го има избрано својот потенцијален наследник – поранешниот тренер на Челси, Енцо Мареска. Мареска го напушти Челси поради лошите резултати и потоа реши да направи пауза од тренерската кариера, разгледувајќи нови можности на фудбалските терени.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Доколку се реализира трансферот на клупата, Мареска ќе има шанса да ја примени својата тренерска експертиза и да ја води една од најсилните екипи во англискиот фудбал.