Дома Фудбал Манчестер Сити има интерес за младиот англиски играч, но не за 100 милиони

Манчестер Сити има интерес за младиот англиски играч, но не за 100 милиони

Манчестер Сити покажува интерес за играчот на Нотингем Форест, Елиот Андерсон, но високата цена може да ги натера “Граѓаните” да се насочат кон друга опција.

Андерсон остави силен впечаток на тимот на скаути од Манчестер Сити кои го следеа во живо повеќе од десет пати оваа сезона, пренесуваат меѓународни медиуми.

Младиот фудбалер од 22 години исто така е подготвен да се пресели во “Граѓаните” идното лето и им нагласи на сите во блиското опкружување дека тоа му е приоритет.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, главниот проблем за овој потенцијален трансфер се финансиските барања на Нотингем. Клубот постави цена од 100 милиони фунти за младиот репрезентативец – сума која Манчестер Сити категорично одбива да ја плати во оваа фаза.

Меѓутоа, играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, сѐ уште е опција за менаџерот Пеп Гвардиола.

Бразилецот сака да го напушти италијанскиот клуб, а неговата цена од 30 до 40 милиони евра го прави значително понедостапна цел. Едерсон има договор до 2027 година, а неговиот агент веќе работи на забрзување на договорот во зимскиот трансферен период.

Се тврди дека Манчестер Сити ќе се насочи кон бразилскиот играч ако Нотингем Форест не ја намали цената на Елиот Андерсон значително.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Револуција: ФИФА ги менува правилата пред Светското првенство!

ФИФА се подготвува да изврши значајни промени во фудбалските правила за Светското првенств…