Дома Фудбал Манчестер јунајтед започна со трансфери – доаѓа новата „десетка“

Манчестер јунајтед започна со трансфери – доаѓа новата „десетка“

Сезоната заврши, сезона на тага за Јунајтед. Останаа без трофеи, без излез во Европа, ги очекува неизвесност, пред сѐ поради финансиските загуби.

Следува продажба на играчи, поточно на оние на кои Аморим не смета, а ќе видиме дали некој од клучните играчи како Бруно Фернандеш ќе го напушти тимот. Има понуда од Саудиска Арабија, но засега нема информации дека сонародникот е подготвен да се откаже од него.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Сепак, „Ѓаволите” веќе купуваат. Првото засилување е решено, не е изненадување, Матеус Куња доаѓа на „Олд Трафорд“.

Бразилецот од Вулвс беше мета на Јунајтед, неговата клаузула од 62.5 милиони фунти ќе биде активирана веќе денес и поранешниот играч на Лајпциг, Херта и Атлетико доаѓа на Олд Трафорд. Тој во текот на завршената сезона постигна 15 гола во ПЛ и ги остави “Волците” над борбата за живот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кој број ќе го носи Куња во Манчестер јунајтед

Манчестер Јунајтед официјално го комплетираше трансферот на бразилскиот напаѓач Матеус Куњ…