Дома Фудбал Манчестер јунајтед во последниот ден од преодниот рок потврди уште е едно заминување

Манчестер јунајтед во последниот ден од преодниот рок потврди уште е едно заминување

Манчестер Јунајтед потврди дека уште еден играч го напушти клубот, само ден после завршувањето на зимскиот трансфер период.

Иако зимскиот трансфер период беше релативно мирен за поголемиот дел од клубовите, некои премиерлигашки екипи беа мошне активни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најдобар пример за тоа се Манчестер Сити, како и Тотенхем и Кристал Палас.

Манчестер Јунајтед се реши оваа зима да не ангажира нови играчи.

Клубот се привикнува на нови услови по отпуштањето на поранешниот менаџер, Португалецот Рубен Аморим.

Сепак, тоа не го спречи Манчестер Јунајтед да дозволи одредени играчи да заминат, потврдувајќи дека уште еден играч го напуштил клубот.

Иако зимскиот трансфер период официјално заврши вчера, ден подоцна Јунајтед објави дека Секу Коне замина на позајмица до крајот на сезоната.

Со одобрение од меѓународната комисија, младиот средишен играч ќе настапува за швајцарскиот Лозана-Спорт до крајот на сезоната, со цел да добие редовни минути во првиот тим.

Лозана моментално ја држи седмата позиција на табелата, а Јунајтед очекува Коне да им помогне во освојувањето подобри резултати.

Исто така, се очекува тој да игра и во натпреварите од Конференциската лига за неговиот нов тим против Сигма Оломоуц.

“Внимателно ќе го следиме напредокот на Секу и му посакуваме многу среќа,” се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез обезбеди напаѓач и порача: “Подобар е од бразилецот Роналдо”

Реал има голем потенцијал во нападот, но на Кралеви им треба уште еден кој ќе му помогне н…