Дома Фудбал Манчестер Јунајтед тргна по ѕвездата на Реал Мадрид, но тој не сака ни да слушне за нив!

Манчестер Јунајтед тргна по ѕвездата на Реал Мадрид, но тој не сака ни да слушне за нив!

Манчестер Јунајтед сериозно го засили својот играчки кадар во летниот преоден рок.

На Олд Трафорд пристигнаа Бенјамин Шешко, Брајан Мбеумо, Матеус Куња, Сене Ламанс…

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Црвените ѓаволи имаа желба да ја донесат и ѕвездата на Реал Мадрид во своите редови – Федерико Валверде.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, конкретно “Defensa Central”, Уругваецот не сака ни да слушне за тоа.

Играчот од средниот ред јасно порача дека не сака да премине во Манчестер Јунајтед и дека сака да остане во Реал Мадрид.

Така, Манчестер Јунајтед ќе мора да бара други и пореални опции за својата средна линија.

Моментално на располагање на позициите во средниот ред ги имаат Фернандес, Маунт, Угарте, Меино и Касемиро.

Последните двајца наведени (Мейно и Касемиро) се на излезните врати на Олд Трафорд, па поради тоа Црвените ѓаволи веќе размислуваат за иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сѐ!

Ендрик пристигна во Реал Мадрид како тинејџер. Се зборуваше за него дека е новиот Роналдо …