
Многу напаѓачи во последно време беа поврзувани со премин во Манчестер Јунајтед, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.
Тренерот на Манчестер Јунајтед го одобри доаѓањето на Калверт-Левин, играчот кој е без клуб бидејќи му истече договорот со Евертон.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Некогаш овој фудбалер беше многу ценет и многу англиски клубови се обидуваа да го доведат во своите редови, но не успеаја.
Сега му заврши договорот со Евертон и Манчестер Јунајтед сака да го доведе бесплатно.
Претходно во Манчестер Јунајтед пристигна напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња, за над 70 милиони евра.
Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Џејдон Санчо и Антони се на продажба и јасно е зошто Аморим сака нови напаѓачи.
Калверт-Левин играше одлично во периодот од 2019 до 2021 година, но потоа повредите го направија своето.
Фотo: Принтскрин