
Манчестер Јунајтед ја има определено својата примарна цел за следниот трансфер период.
Медиумите на Островот тврдат дека веќе е испратена понуда за ѕвездата на Интер во износ од 60 милиони евра.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Цел на клубот од Олд Трафорд е Федерико Димарко, левиот бек на „нераѕурите“.
За него велат дека е еден од најдобрите играчи на својата позиција во светски рамки, а оваа сезона игра фантастично.
Оваа сезона на 36 натпревари постигна седум голови и запиша дури 15 асистенции.
Досега во кариерата, освен за Интер, играше и за Асколи, Сион, Парма, Верона и Емполи.