Дома Фудбал Манчестер Јунајтед официјално се вклучи во трката за Шешко со понуда која е пониска од таа на Њукасл.

Манчестер Јунајтед официјално се вклучи во трката за Шешко со понуда која е пониска од таа на Њукасл.

Манчестер Јунајтед упати официјална понуда до РБ Лајпциг за Бењамин Шешко.

Според сите водечки извори, понудата е во вредност од 75 милиони евра плус уште 10 милиони во форма на бонуси. Ова значи дека понудата од „Олд Трафорд“ е малку пониска од последната понуда на Њукасл, која изнесува 80 милиони евра плус 10 милиони во додатоци.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според Дејвид Орнстин и Бен Џејкобс, во Манчестер Јунајтед се уверени дека самиот Словенец преферира да игра за 20-кратните шампиони. И двата англиски клуба ги исполнуваат финансиските барања на РБ Лајпциг и Шешко, па така финалната одлука е во рацете на напаѓачот.

Ливерпул исто така со интерес ја следи разврската на оваа трансфер битка, бидејќи според информациите, мерсисајдците се подготвени да дадат нова понуда за Александер Исаак веднаш штом Њукасл обезбеди потенцијална замена за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карабах со ВАР доби пенал на арената, Шкендија има негатива на полувреме (ВИДЕО)

Во првото полувреме од натпреварот меѓу Шкендија и Карабах, гледавме претпазлива и затворе…