
Што и да направи во финалето на Лига Европа против Тотенхем, Рубен Аморим ќе остане менаџер на Манчестер Јунајтед и за следната сезона, пренесе “Гардијан”.
Јунајтед оваа сезона запиша историски дебакл во Премиер лигата, на два кола пред крајот се наоѓа на катастрофалната 16. позиција на табелата, но не може да испадне во Чемпионшип.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Сепак, “Гардијан” наведува дека португалскиот стратег со самото пласирање во финалето на второто по сила европско натпреварување си го обезбедило останувањето на “Олд Трафорд”.
Доколку го совлада Тотенхем на 21 мај во Билбао, Јунајтед ќе освои европски трофеј, ќе се пласира во Лигата на шампионите и на тој начин ќе ја спаси сезоната.
Раководството на клубот наводно верува дека Португалецот би можел да го унапреди тимот. Како што истакнуваат, на Аморим му е потребно време, како и шанса да ги избере засилувањата.
Да потсетиме, Аморим пристигна во текот на актуелнатаа сезона и немаше можност да доведе засилувања кои тој ги посакува.
Се споменува дека Лијам Делап од Ипсвич и Матеуш Куња од Вулверхемптон би можеле да го засилат Јунајтед во летниот преоден рок и дека овие двајца се лични желби на Рубен Аморим.
Фото: Manchester United/FB