Дома Фудбал Манчестер Јунајтед не ги зеде Магваер, Антони, Гарначо и Санчо на американската турнеја

Манчестер Јунајтед не ги зеде Магваер, Антони, Гарначо и Санчо на американската турнеја

Манчестер Јунајтед објави список од 32 играчи кои ќе патуваат со тимот во САД за предсезонска подготовка на тимот.

Меѓу играчите логично не се најдоа имиња како Антони, Алехандро Гарначо, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа, кои се вратија од позајмици, но сакаат да го напуштат “црвените ѓаволи”. Друго најпознато отсутно име е тоа на Хари Магваер, кој нема да патува поради лични причини. Во САД нема да биде и Маркус Рашфорд, кој наскоро ќе биде фудбалер на Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во списокот се трите нови засилувања на составот на Рубен Аморим – Брајан Мбемо, Матеус Куња и Диего Леон, како и некои од младите играчи на тимот. Тука е и сè уште невосстановениот Лисандро Мартинез, кој нема да се брза со неговото вклучување во игра, но е важен за добрата атмосфера во соблекувалната. Андре Онана, кој исто така е повреден, ќе патува исто така.

Во САД Манчестер Јунајтед прво ќе игра против Вест Хем во недела наутро на стадионот “Метлајф” во Њу Џерси. Потоа “црвените ѓаволи” ќе ги сретнат на американско тло тимовите на Борнемут и Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се приближува до враќањето дома и најави отворен тренинг на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“

Од Барселона официјално најавија дека првиот тим ќе одржи отворен тренинг на „Спотифај Кам…