
Манчестер Јунајтед продолжува со преговори за доведување на 23-годишниот белгиски голман Сен Ламенс.
Интерес за него се спомнува веќе неколку месеци, но до скоро немаше информации за конкретен напредок во овој трансфер, кога “црвените ѓаволи” се поврзуваа со високо профилирани голмани како Емилиано Мартинес и Џанлуиџи Донарума, кои сепак моментално не можат да ги си дозволат поради финансиските правила.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сега Фабрицио Романо информира дека Манчестер Јунајтед е во активни преговори со Белгијанецот и неговите лични услови се речиси договорени. Други клубови од Франција и Италија исто така имаат интерес за чуварот на мрежата од Ројал Антверп.
Саша Таволиери, пак, тврди дека Ламенс е опција и за Манчестер Сити, бидејќи преговорите меѓу “граѓаните” и ПСЖ за Донарума се закочени.
Менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, продолжува да има голем проблем со позицијата на голман. Португалецот одлучи да го остави Андре Онана на клупата за првиот натпревар од сезоната против Арсенал и се потпре на Алтај Бајиндар, чии нови фрапантни грешки по центаршут од корнер доведоа до единствениот гол на натпреварот.