
Барселона одлучи да го доведе Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед на едногодишна позајмица и неверојатно е на какво барање на англискиот клуб Каталонците мораа на крајот да се согласат.
Рашфорд го помина вториот дел од претходната сезона на позајмица во Астон Вила, но клубот од Бирмингем на крајот не одлучи да го откупи неговиот договор.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Сепак, на англискиот напаѓач ќе му се исполни најголемата желба, а тоа е да игра во дресот на Барселона.
Откако Каталонците не успеаја да ги доведат Нико Вилијамс и Луис Диас, одлучија да се свртат кон резервното решение кое беше отпишаниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
На Олд Трафорд едвај дочекаа да се ослободат од Рашфорд и се согласија да го испратат на позајмица во Барселона, но откако видоа колку Каталонците „загризаа“, поставија необично барање на кое мораа да се согласат.
Клубовите договорија прво позајмица во траење од една сезона, по што Барселона ќе може да го откупи Рашфорд за 35 милиони евра.
Сепак, Манчестер Јунајтед се одлучи дополнително да се осигура и воведе „казнена клаузула“ според која ќе добие одредена сума и во случај Барселона да не го задржи Рашфорд во своите редови.
Во тој случај, Барселона ќе биде должна да му исплати на Манчестер Јунајтед пет милиони евра, што е клаузула која во договорите за позајмица навистина ретко се сретнува.
Фото: Принтскрин