Дома Фудбал Манчестер Јунајтед и Милан се борат за бек!

Манчестер Јунајтед и Милан се борат за бек!

Борбата меѓу Манчестер Јунајтед и Милан за Персис Еступијан почнува да се вжештува, иако конкретни понуди сè уште нема.

Двата гиганти покажуваат сериозен интерес за 27-годишниот еквадорски репрезентативец кој од 2022 година е стандарден играч на Брајтон. Интересно е што Брајтон веќе ги отвори вратите за можен трансфер бидејќи неодамна го доведе Максиме Де Којпре од Клуб Бриз, со што си обезбеди замена на левата страна.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Еступијан влезе во последните две години од договорот со ‘Галебите’, а во три сезони одигра 104 натпревари и со својата игра привлече внимание на големите европски клубови.

Јунајтед и Милан ја гледаат како можност за квалитетно решение на позицијата лев бек, но прашање е кој ќе делува прв и колку далеку се подготвени да одат во преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус ги загуби нервите и грабна еден од противниците – „горат“ социјалните мрежи по неговиот потег (Видео)

Винисиус Жуниор не можеше да помине без жолт картон на натпреварот против Хетафе. Непотреб…