Дома Фудбал Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга.

Рубен Аморим сака засилувања во средниот ред, првата идеја беше да се доведе Карлос Балеба од Брајтон, но Јунајтед нема намера да плати 120 милиони евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Како што објави „Фихајес“, Јунајтед се насочи кон Едуардо Камавинга и се очекува дека Реал би можел да го пушти за 80 милиони евра.

Според шпанските медиуми, постои и трета опција, а тоа е Лисиен Агуме од Севилја, кој според клаузулата во договорот може да замине за 35 милиони евра.

Сепак, според сите извештаи, Агуме е резервна опција, доколку Јунајтед не успее да го доведе Камавинга во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…