Дома Фудбал Манчестер јунајтед го освои „Сан Мамес“, но оваа контроверзна ситуација го реши мечот (Видео)

Манчестер јунајтед го освои „Сан Мамес“, но оваа контроверзна ситуација го реши мечот (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе по првото полувреме од тешкото гостување на Сан Мамес кај Атлетик Билбао направија огромен чекор кон финалето на Лигата на Европа, кое ќе се игра на истиот стадион.

Црвените Ѓаволи на пауза заминаа со резултат 0:3, откако стрелци беа Каземиро во 30. минута и Бруно Фернандеш во 37. и 45. минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, клучниот момент на натпреварот се случи во 35. минута, кога Вивиjан стартуваше врз Хојлунд во извесна гол прилика.

Данскиот напаѓач беше најблизу до топката испратена од десната страна, но беше повлечен од баскискиот стопер.

Судијата Ескаас, по проверката на ВАР, одлучи да му покаже црвен картон на Вивиjан и природно досуди пенал што Бруно го претвори во гол.

Сепак, едно друго нешто му промакна на судијата, но и на ВАР, што претходеше на ситуацијата од која произлезе пеналот и исклучувањето.

Тоа беше секако клучниот момент на овој натпревар, а можете да го видите ОВДЕ, додека споменатата рака на Гарначо можете да ја видите ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо со еден потег ги замолче сите критичари и покажа дека не е себичен (Видео)

Фудбалерите на Ал-Наср се изборија за место во големото финале на Суперкупот на Саудиска А…