Манчестер Јунајтед испрати нова, подобра понуда до Лече за Патрик Доргу, пренесуваат медиумите на Островот.
Според „Ди Атлетик“ таа е во износ од 30 милиони евра, додека Фабрицио Романо тврди дека ја надминува оваа сума, иако не споменува за колку точно.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Претходната понуда која италијанскиот клуб ја одби пред два дена беше 27 милиони евра. Лече го цени 20-годишниот Данец на 40 милиони евра, па голема е веројатноста ниту оваа понуда да не биде прифатена. Сепак, од „Олд Трафорд“ се решени да го доведат трансферот до успешна завршница. Се претпоставува дека двата клуба ќе се договорат за компромисот од 35 милиони евра.
Доргу игра фантастично во дресот на Лече и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.