Талентираниот 20-годишен дански фудбалски репрезентативец Патрик Доргу го напушта Лече и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, објавија италијанските медиуми.
Италијанскиот прволигаш кој е во зоната за испаѓање ја одби првичната понуда на Јунајтед вредна 30 милиони евра. Сепак, на клубот од „Олд Трафорд“ му треба веднаш засилување бидејќи се наоѓа во незавидна ситуација.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ се на 12. место во Премиер лигата, што е голема разлика во бодови во однос на екипите кои ги држат позициите кои водат во Лигата на шампионите следната сезона. На крајот договорено е обештетување во висина од 38 милиони евра.
Се очекува Доргу денеска да отпатува за Манчестер на медицински прегледи и потпишување договор. Може да игра на неколку позиции, има искуство со играње на лев бек, во средниот ред и на десно крило.