Дома Фудбал Maлку му се 20 милиони евра: Еве колку пари сака Винисиус да остане во Реал Мадрид!

Maлку му се 20 милиони евра: Еве колку пари сака Винисиус да остане во Реал Мадрид!

Преговорите помеѓу Реал Мадрид и Бразилецот Винисиус за продолжување на договорот моментално се наоѓаат во ќорсокак, а главниот проблем, како што често се случува, е финансискиот аспект.

Винисиус, кој веќе седум години настапува за Реал, има важечки договор до 2027 година. Малку веројатно е дека двете страни ќе постигнат нов договор во текот на оваа година.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Преговорите моментално се стопирани по барање на играчот и неговите претставници. Бразилецот не сака да прифати понуда за годишна плата од 20 милиони, барајќи минимум 25 милиони евра.

Новинарот Тони Гарсија изјави дека 25-годишниот напаѓач непоколебливо бара посочениот износ, па најверојатно разговорите меѓу играчот и клубот ќе продолжат дури следната година.

Винисиус пристигна во Реал во 2018 година од Фламенго за сума од 45 милиони евра. Досега одиграл 322 натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи 106 гола и освоил 14 трофеи.

Во моментов, само Давид Алаба и Килијан Мбапе имаат поголема плата од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се огласи еден од најбараните голгетери во Италија и побара трансфер!

Нигерискиот голгетер Адемола Лукман јавно изрази намера, две години пред истекот на догово…