
Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) со жрепка синоќа во италијанскиот град Бари го одреди составот на групите за Европското првенство кое идната година заедно ќе го организираат Бугарија, Италија, Финска и Романија.
Македонија за ЕП 2026 е дел од групата Б во Варна, каде покрај домаќинот и актуелен светски вице-првак Бугарија, ќе се соочи и со Полска, Украина, Португалија и Израел.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Капитенот Никола Ѓоргиев, останува оптимистички расположен и продолжува да верува во екипата која ја предводи.
„Македонија на ова Европско првенство влегува без еуфорија и големи очекувања како што беше во 2023 кога бевме организатори, но имавме среќа и во ждрепката, и во групата имавме две репрезентации кои беа со послаб ранкинг од нас. На ова ЕП Македонија влегува како најслабо рангирана селекција и верувам дека сите противници во групата на нас гледаат како на тотален аутсајдер.Ќе водиме голема битка и никој не може да ни забрани да сонуваме за осминафинале. Само да сме живи, здрави и спротени“