
Младио македонски фудбалер Филип Маџунарски кој има 17 години прикажува одлични настапи во екипата на СК Слован во првата виенска лига во Австрија.
Во овој тим освен што игра во својата генерација до 18 години тој редовно добива минутажа и во тимот до 23 години.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
На последната средба со врсниците до 17 години викендов одигра одличен натпревар во кој во победата на својот тим учествуваше со еден убав погодок и асистенција, сосема заслужено на крајот од средбата беше избран и за најдобар на теренот.