Дома Останати Ракомет Македонија вечерва ја има „генералната проба“ пред Светското првенство

Македонија вечерва ја има „генералната проба“ пред Светското првенство

Ракометарите вечерва го играат последниот натпревар пред Светското првенство во Хрватска.

Македонија во Вараждин ќе игра токму со домаќинот на Мундијалот и тоа според информациите на хрватските медиуми пред полни трибини. Вараждин арената е распродадена и се очекува ракометарите да играат пред повеќе од 5.000 навивачи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Македонија ова ќе биде силен тест и последен пред настапот на Мундијалот кој го стартуваме со натпреварот против Унгарија на 15 јануари.

По дуелот со Унгарците на 17 ни следи пресметка со Холандија, па потоа со Гвинеја на 19 ја завршуваме групната фаза.

Натпреварот против Хрватска вечерва го играме во 20:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар добива големо засилување од Војводина

Ракометниот гигант Вардар прави сериозен чекор кон засилување на ростерот во клучниот дел …