Дома Останати Ракомет Македонија ги дозна ривалите во борбата за ЕП 2026

Македонија ги дозна ривалите во борбата за ЕП 2026

Денес беше одржана ждрепката за квалификациите за Европското првенство во женски ракомет, кое ќе се одржи во 2026 година, а македонската женска ракометна репрезентација ги доби своите противници. Нашите ракометарки беа сместени во третиот шешир, а ждрепката ги постави во групата 3.

Во оваа група, Македонија ќе се соочи со три силни противници – селекциите на Германија, Словенија и Белгија. Очекувањата се натпреварите да понудат квалитетен и неизвесен ракомет, а македонските ракометарки ќе имаат предизвик да обезбедат едно од првите две места, кои директно водат на континенталниот собир.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Покрај првите две селекции од секоја група, на Европското првенство 2026 ќе учествуваат и четирите најдобро третопласирани репрезентации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Голман од Кјелце го засили Вардар!

Следната сезона Вардар ќе биде засилен со полскиот голман Милош Валац кој се согласи на ве…