Дома Фудбал Maкедонија вечерва сака да продолжи низа која ја започна во Палермо пред две години!

Maкедонија вечерва сака да продолжи низа која ја започна во Палермо пред две години!

Фудбалската репрезентација на Македонија под водство на Благоја Милевски продолжува да испишува блескави страници во историјата на нашиот спорт.

По бројните рекорди и значајни резултати во изминатите години, „црвено-жолтите“ вечерва во Гент ќе имаат нова можност да го продолжат својот неверојатен поход – да постигнат гол на 14-ти последователен официјален натпревар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Импресивната серија започна на 17 ноември 2023 година со дуелот против Италија во Палермо, кога нашите беа поразени со 5-2, но сепак го најдоа патот до мрежата. Оттогаш, Македонија на секој следен натпревар во рамките на натпреварите под капата на ФИФА и УЕФА успева да постигне погодок – дури 13 пати по ред, што претставува најдолга голгетерска низа во историјата на репрезентацијата.

Досегашниот рекорд изнесуваше девет натпревари во низа, постигнат во периодот на квалификациите за Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2018, но оваа генерација веќе одамна го надмина тој успех и пишува ново златно поглавје во македонскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доживеаа дебакл, па им се потсмеваат: Тие се пица мајстори, што бараат во квалификациите?

Фудбалерите на Австрија ја одржаа совршената форма во групата Х од квалификациите за Светс…