
Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе го игра дуелот со Ирска, со почеток во 20:45 часот.
Селекторот Гоце Седлоски направи четири промени во составот во споредба со натпреварот против Данска во Копенхаген – во стартната единаесеторка ќе бидат Фетаи, Алими, Велковски и Костадинов наместо Ќамили, Атанасов, Стојчевски и Муслиу.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Исто така, Македонија за вечерашниот дуел го менува и тактичкиот распоред – наместо досегашното 3-5-2, сега селекцијата ќе игра во формација 3-4-2-1.
