
Фудбалската школа ФК Водно имаше импресивен викенд на меѓународниот турнир „Овиедо куп“, од каде се врати со две шампионски титули.
Младиот македонски состав се истакна во силна конкуренција и успеа да триумфира во категориите за генерации 2013 и 2015 година, покажувајќи квалитет и зрелост на теренот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Со сигурна игра и континуирани добри резултати од натпревар во натпревар, талентираните фудбалери заслужено се искачија на врвот, крунисувајќи го настапот со двојна круна.