Дома Фудбал Македонија денеска ќе ги дознае противниците во Лигата на Нации!

Македонија денеска ќе ги дознае противниците во Лигата на Нации!

Во Брисел од 18:00 часот денеска ќе бидат извлечени групите за петтото издание на Лигата на нации на УЕФА, натпреварување кое за македонската фудбалска репрезентација има посебно место во поновата историја.

За првпат од формирањето на Лигата на нации, Македонија ќе настапува во Б-лигата, ранг повисок од досегашните предизвици. Тоа автоматски значи и далеку потешка конкуренција. Станува збор за селекции од вториот европски ешалон, но меѓу нив има и репрезентации кои редовно играат на големи турнири и во минатото ни претставувале сериозна пречка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нашата селекција ждрепката ќе ја дочека од четвртиот барабан, заедно со Шведска, Северна Ирска и Косово.

Така од останатите шешири во оваа лига можеме да добие противници како, Унгарија, Швајцарија, Словенија, Шкотска, Полска…

Новата сезона во Лигата на нации ќе стартува на 24 септември и ќе трае до 17 ноември, кога ќе се одиграат последните натпревари од групната фаза. Во септември, октомври и ноември се предвидени по две кола месечно. Четвртфиналните пресметки и плејофот ќе се играат од 25 до 30 март 2027 година, завршниот турнир во А-лигата е закажан од 9 до 13 јуни 2027, додека баражот за Европското првенство ќе се одржи од 23 до 28 март 2028 година.

РЕДОСЛЕД НА БАРАБАНИТЕ ПО ЛИГИ

А-ЛИГА
1: Португалија, Шпанија, Франција, Германија
2: Италија, Холандија, Данска, Хрватска
3: Србија, Белгија, Англија, Норвешка
4: Велс, Чешка, Грција, Турција

Б-ЛИГА
1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
2: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија, Украина
3: Словенија, Грузија, Република Ирска, Романија
4: Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово

Ц-ЛИГА
1: Исланд, Албанија, Црна Гора, Казахстан
2: Финска, Словачка, Бугарија, Ерменија
3: Белорусија, Фарски Острови, Кипар, Естонија
4: Летонија или Гибралтар, Луксембург или Малта, Молдавија, Сан Марино

Д-ЛИГА
1: Азербејџан, Литванија, Гибралтар или Латвија, Малта или Луксембург
2: Лихтенштајн, Андора

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо блиску до враќање на тренерската работа и тоа каде!

Чаби Алонсо го напушти Реал Мадрид по само шест месеци. Овој одличен стратег доби отказ по…