Дома Македонски спорт Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да се запише еден, токму таков.

Го има Дамјан Стојановски, еден од нашите репрезентативни со најголемо акумулирано искуство, а е поврзано со едне несекојдневен ефект, барем кога станува збор за едно репрезентативно ниво, што со себе го носат квалификациските натпревари, во овој случај, за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На средбата со Литванија, нашиот репрезентативен бек имаше поголем број на освоени топки отколку во оние други статистички категории.

Реализираше дури пет, што е најдобар индивидуален ефект во овој трет квалификациски круг.

Секако останува жалење што овој негов придонес во фазата на одбрана, не беше валоризиран со успешен резултат, но е потврда плус за пожртвуваноста која на теренот ја дава Дамјан Стојановски, кој за потсетување, наскоро, поточно на 9.декември, ќе наполни 37.години.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…