Денес беше одржана ждрепката за квалификациите за Европското првенство во женски ракомет, кое ќе се одржи во 2026 година, а македонската женска ракометна репрезентација ги доби своите противници. Нашите ракометарки беа сместени во третиот шешир, а ждрепката ги постави во групата 3.
Во оваа група, Македонија ќе се соочи со три силни противници – селекциите на Германија, Словенија и Белгија. Очекувањата се натпреварите да понудат квалитетен и неизвесен ракомет, а македонските ракометарки ќе имаат предизвик да обезбедат едно од првите две места, кои директно водат на континенталниот собир.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Покрај првите две селекции од секоја група, на Европското првенство 2026 ќе учествуваат и четирите најдобро третопласирани репрезентации.