
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров лесно дојдоа до нов триумф во рамките на Втората лига, совладувајќи го тимот на Вардарски со убедливи 4-0. Ова беше нивна 15. победа сезонава, со што уште еднаш потврдија дека се сериозен кандидат за највисок пласман.
Домашниот тим ја презеде иницијативата од самиот старт на натпреварот, а водството го отворија уште во шестата минута преку Христов, кој успешно реализираше пенал. Нападите на Македонија ЃП не стивнуваа, па во 26. минута следуваше и вториот погодок.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Христов беше расположен за игра и во 36. минута повторно се запиша во листата на стрелци, овој пат со својот втор гол на мечот, зголемувајќи го водството на 3-0. Конечните 4-0 беа поставени во завршницата, со што победата доби и убедлива форма.
Во истото коло, директниот конкурент на Македонија ЃП – екипата на Башкими – ја оправда фаворитската улога, славејќи со високи 5-2 против Вардар Неготино. Од друга страна, Брегалница изненадувачки не успеа да дојде до трите бода, ремизирајќи со резултат 1-1 против тимот на Скопје на домашен терен.
Резултати:
Арсими – Каменица Саса 4-1
Башкими – Вардар Неготино – 5-2
Беласица – Новаци 3-0
Борец – Осогово 1-3
Брегалница – Скопје 1-1
Детонит – Кожув 1-1
Македонија ЃП – Вардарски 4-0
Охрид – Победа 0-0