Дома Останати Кошарка „Македонецот“ Ти Џеј Шортс пред вратите на европски гигант

„Македонецот“ Ти Џеј Шортс пред вратите на европски гигант

Ти Џеј Шортс, извонредниот плејмејкер на Париз, е блиску до договор со Панатинаикос, кој уште е актуелен шампион на Евролигата.

Според извештаите од повеќе извори, репрезентативецот на Македонија треба да ги заврши сите детали околу преминот во Атина во следниве неколку денови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шортс имаше неверојатна сезона и го водеше Париз до четврт-финалето на Евролигата, каде што беа поразени од Фенербахче.

Во просек бележеше 19 поени, 7,3 асистенции, 2,6 скокови и една украдена топка со индекс на корисност 22,8.

Панатинаикос, по испаѓањето во полуфиналето на Фајнал форуот, е во преговори и со неколку други играчи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама имаше ноќ од соништата – најбрз дабл-дабл во историјата на кошарката (Видео)

Вембањама го разби Чикаго, му беа потребни осум минути за трипл-дабл, на крајот со 41 поен…